Брзо и лесно плаќање преку линк. Кога трговецот добива нарачка преку е-mail, социјални медиуми и/или апликации за размена на пораки, тој може да креира линк за плаќање преку админот, кој потоа го испраќа до клиентот преку еден од веќе споменатите канали. Овој вид плаќање првенствено го користат трговците кои немаат развиена веб-продавница, но го користат и многу мали, средни и големи интернет продавници како помошна алатка за cross sell или дополнително нудење на производи преку newsletter и слично.