Контактирајте не!

ЧПП

Често поставувани прашања

Кои се предусловите за користење на системот WebPay Payment Gateway?

Можете да дојдете до нашата услуга брзо и лесно со пополнување на нашата контакт форма  или со испраќање на порака на нашиот e-mail [email protected], по што нашиот претставник за продажба ќе ве контактира и ќе ви достави понуда и потребни формулари. Со прифаќање на понудата, можете да започнете со имплементација на услугата и се што е потребно за да имате веб продавница. Доколку немате веб-продавница и не планирате да ја развивате, а сакате на клиентите да им понудите опција за плаќање со картичка, нудиме и услуга PayByLink за која не е потребна веб-продавница. Дополнително, потребно е да ги пополните формуларите на банките кои сте ги избрале за прифаќање на картичките, по што тие се испраќаат на одобрување до банката. По завршувањето на имплементацијата се врши тестирање и преглед на страницата, по што сте подготвени за работа.

Колкав е износот на надоместокот за поврзување со системот WebPay?

Нема надоместок за приклучување на системот WebPay.

Која е месечната претплата за користење на системот WebPay?

Нашата услуга е модуларна и флексибилна така што месечната претплата зависи од бројот на трансакции и обемот на трансакции со картички. Почетната провизија е 0,50% по трансакција или минимум 1.850,00 МКД, со тоа што првите 6 месеци имате 30% попуст доколку започнете со користење на услугата до крајот на 2021 година.

Кои кредитни картички се поддржани?

Mastercard, Maestro, Visa, Diners, American Express

Дали изгледот на формата WebPay Payment Gateway може да се прилагоди на дизајнот на веб-продавницата?

Да, доколку користите Monri Components форма за внес на податоци од картичката. 

Партнери